ФОТО | Атрактивните хрватски навивачки ги бодреа огнените на Светското првенството во фудбал
Португалија победи со 2:1 и ја исфрли Хрватска во шеснаесеттинафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, по драматичен финиш во кој на Хрватите им беше поништен гол во 13-та минута од судиското надополнување, односно во 103-тата минута.
Препорачано
Бурна ноќ е зад хрватските фудбалери, а бурна била и за познатите хрватски дами, кои се потрудиле најдобро што можат да ги бодрат „огнените“.
Светското првенство во фудбал ги обедини хрватските навивачи низ целиот свет, а на трибините во Канада се издвои добро познато навивачко лице. Ивана Кнол, која стекна светска слава следејќи ја хрватската репрезентација на претходните натпреварувања, ниту овој пат не ја пропуштила можноста да ги бодри „огнените“ во живо.
Ивана Кнол носела црвен спортски топ и црвени тесни панталони, додека модната комбинација ја комплетирала со хрватска вратоврска со препознатлив црвено-бел дезен, симбол што и пред натпреварот го најавила како своја „среќна вратоврска“.
View this post on Instagram
Меѓу навивачките на Светското првенство 2026 е и Магдалена Кешкиќ, инфлуенсерка со хрватски корени која живее и работи во Германија. На својот профил објави фотографии во хрватскиот дрес, со што уште еднаш ја покажа својата поддршка за „огнените“.
View this post on Instagram
Во друга серии фотографии, таа позира облечена во бикини со црвено-бели квадрати и со хрватското знаме.
View this post on Instagram
Тука е и Клаудија Ривиер, популарна хрватска инфлуенсерка, модел и претприемачка од Загреб, која се стекна со светска слава преку социјалните мрежи благодарение на бујните облини.
Нивес Целзиус ги бодри хрватските фудбалери уште од почетокот на Светското првенство, а навивачката еуфорија резултирала со нова објава на нејзиниот Инстаграм. Нивес споделила видео на кое носи минијатурно бикини со препознатлив црвено-бел дезен со квадрати.
View this post on Instagram
ВИДЕО | Хрватска немаше среќа, Португалија преку драма до осминафинале
Селекторот на Хрватска, Далиќ: Не заслуживме ваков крај, храбро загубивме


