Илустрација - пчели / Фото: Pexels

Преместил шест милиони пчели со голи раце — неверојатната мисија на еден човек од Сингапур

Опремен само со марама и голи раце, 42-годишниот Кларенс Чуа спасува пчели во Сингапур, ставајќи цели гнезда во дрвени кутии и преместувајќи ги на безбедни места, честопати во својот двор, пишува „Ројтерс“.

– Она што ми се допаѓа кај нив е тоа што ако ги почитувате и не им се заканувате, тие ќе ви дозволат да влезете во нивниот простор – рекол Чуа.

Кога жителите на тропскиот Сингапур откриваат пчели како се гнездат во нивните домови, тие обично повикуваат специјализирана компанија која може да ги уништи за неколку минути за надомест од 60 до 100 долари.

Но, Чуа убедил многумина од нив да му дозволат да ги премести за околу 50 долари.

Во текот на изминатите шест години, тој преместувал просечно околу 100 колонии годишно, спасувајќи шест милиони пчели.

Тој преместувал цели колонии, зачувувајќи ја матицата, пчелите работнички и леглото.

Чуа преместил пчели од различни егзотични локации, од куќи до мотори на авиони. Денес, неговите услуги се сè повеќе барани од локалните комисии за домување кои управуваат со станбените населби во кои живеат 80 проценти од населението на Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот