ВИДЕО | Товарен воз удри во кола во Полска, двајца тинејџери завршија тешко повредени
Полскиот железнички оператор во средата објави снимка од моментот кога товарен воз удри во патнички автомобил, како „предупредување“ за сите возачи при преминување на пруга, пренесува „Џјеник заходњи“.
Препорачано
Несреќата се случила на 20 јуни околу пладне, на железничкиот премин меѓу станиците Ченстохова Гнашин и Ченстохова Страдом.
Неколку дена по инцидентот, „Полске линие колевове“ ја објави снимката од надзорните камери. На неа се гледа како возач на патнички автомобил застанува на преминот и покрај црвеното трепкачко светло.
Kierowca opóźnił 50 pociągów na 1405 minut
Na przejeździe kolejowo-drogowym w Częstochowie na szlaku między Częstochową Gnaszyn a Częstochową Stradom doszło do skrajnie niebezpiecznej sytuacji.
Kierowca osobówki zatrzymał się w niewłaściwym miejscu, pomijając migający na… pic.twitter.com/meftivCCjH
— PLK SA (@PKP_PLK_SA) July 1, 2026
По кратко задржување, тој повторно тргнува и излегува директно пред товарен воз што доаѓал од спротивната насока.
Во судирот двајца луѓе од автомобилот биле тешко повредени.
Според полицијата во Ченстохова, во возилото имало две тинејџери на возраст од 16 и од 19 години. По ударот тие останале заглавени во автомобилот, а нивното извлекување траело неколку десетици минути со интервенција на пожарникари. Двајцата тинејџери со сериозни повреди биле пренесени во болница.
Истражните органи сè уште ги утврдуваат точните околности и причините за несреќата.
Инцидентот го парализирал железничкиот сообраќај, при што доцнеле околу 50 патнички возови, а дел од линиите биле пренасочени или заменети со автобуски превоз.
„Полске линие колевове“ во своето соопштение потсетува дека во дури 99 отсто од несреќите на железничките премини причина е човечка грешка, најчесто непочитување на црвено светло, заобиколување на полубраници или влегување на премин без проверка дали може безбедно да се премине.
Минатата година возовите во Хрватска доцнеле повеќе од 100 дена, дел од патниците добиле отштета


