Руски готвач откри 5 трикови за највкусни полнети пиперки
Речиси нема ништо полесно од подготовка на филот за месо, полнењето на пиперките, па преливањето со сок од домати и ставањето во рерна да се крчкаат. Но, колку и да изгледаат едноставно за подготвување, понекогаш се случува полнетите пиперки да не излезат баш како што очекувавте. Затоа, рускиот професионален готвач Вјачеслав Красилников откри трикови кои ќе ви помогнат полнетите пиперки секој пат да ви се погодат.
Препорачано
1. Кратко натопете ги пиперките
Сипете вода и сол во поголем сад, а потоа додадете ги пиперките и оставете ги кратко да се натопат. Ова ќе ви помогне лесно да ги отстраните семките и петелките од пиперките, но ќе им го подобри и вкусот и ќе ја отстрани горчината (доколку постои).
2. Добриот фил за полнење е клучен
За полнети пиперки претежно се користи мелено месо, а кога купувате изберете или само свинско или мешано. Меленото месо можете да го испржите или да го користите свежо (изборот е ваш). Ако користите свежо, на путер продинстајте сечкан кромид, кој му дава посебен шмек на јадењето, потоа додадете го во садот со месото и зачинете го. Потоа додадете го оризот кој се вари така што ќе го ставите во тенџере, а потоа ќе додадете и малку вода (околу 4-5 лажици). Се готви додека не ја впие целата течност, а вака приготвениот ориз нема да ја впие целата течност, па со самото тоа и филот ќе биде многу сочен. Ако сепак сакате да ги наполните со пржено месо, додадете го во пропржениот кромид (исто така на путер), и во готовото месо што сте го подготвиле на ист начин како и за сировиот фил, додајте го оризот и убаво измешајте и соединете. Секако, зачинете по желба.
3. Оризот заменете го со тиквички
Наместо ориз, во месото додајте ја средината од тиквичката што сте ја издлабиле. Јадењето ќе биде за нијанса полесно, но и повкусно.
4. Засечете ги пиперките
На дното на пиперките направете мал засек, бидејќи кога ќе ги наредите во тенџерето и ќе ги прелиете со сосот, благодарение на резот, тој ќе стигне до пиперките и филот полесно ќе се зготви, а и порамномерно.
5. Не ги полнете пиперките до врвот
Многу домаќинки ставаат премногу фил во пиперките, па поради тоа тие пукаат при варењето, бидејќи оризот набабрува и создава притисок, особено ако се со полош квалитет, односно потенки. Кога со лажица го ставате филот во внатрешноста на пиперките, немојте да го притискате (гмечите) и никогаш не ги полнете до врвот.


