Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Макало од компири и праз
Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.
Препорачано
Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес: макало од компири и праз.
– Ова макало е посно јадење, богато со вкус на компири, праз и суви пиперки. Лесно се подготвува и е идеално како предјадење или лесен оброк за сите што го почитуваат постот – порачува Бобе.

Состојки:
– 1 кг варени, лупени компири
– 300 грама праз
– 20 варени суви црвени пиперки
– 3 чешниња лук
– 200 мл масло за јадење
– сол и мелен црн пипер

Подготовка:
Компирите исечкајте ги на коцки и ставете ги во длабок сад заедно со сувите пиперки да се варат.
Во аван истолчете го лукот со сол, потоа додајте ги варените компири и пиперките, претходно исчистени од рачките и семките. Гмечете ги со алатка за пире, но не премногу – треба да останат ситни парчиња. Додавајте 150 мл топла вода и гмечете. На изгмечената смеса додајте го празот. Посолете и наросете мелен црн пипер по вкус.
Во тенџере загрејте го маслото, па прелијте го макалото со компири, праз и пиперки.
На здравје!



