Фото: Промо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивни операции за замена на аортна валвула со користење на десен трансаксиларен пристап

За првпат во Клиника „Жан Митрев“ успешно се изведени две минимално инвазивни операции за замена на аортна валвула кај пациентките Софка и Снежана, со користење на десен трансаксиларен пристап. Операциите ги изведе д-р Никола Христов и тимот на кардиохирурзи во Клиника „Жан Митрев“.

Станува збор за современа хируршка техника при која до срцето се пристапува преку мал рез од околу 4 сантиметри, поставен под десната рака, во пределот на пазувата. Наместо преку отворање на градниот кош, хирургот пристапува до срцето низ природниот простор помеѓу ребрата.

При оваа метода не се сече градната коска, не се сечат ребрата и не се прават големи резови, што значи помала оперативна траума, помалку болка и побрзо закрепнување. Дополнително, се постигнува и одличен естетски резултат, бидејќи лузната е речиси незабележлива.

Софка и Снежана денес се чувствуваат добро и успешно закрепнуваат, а ова достигнување претставува уште еден значаен исчекор во примената на најсовремените минимално инвазивни кардиохируршки техники во Клиника „Жан Митрев“.

Од Клиника „Жан Митрев“ им посакуваат брзо и целосно закрепнување, добро здравје и уште многу години исполнети со радост и убави моменти со своите најблиски.

Преку носна шуплина изваден заглавен забен имплант

Тимот на Клиника Жан Митрев, предводен од д-р Данчо Шурков, специјалист по оториноларингологија, успешно изведе минимално инвазивна операција за отстранување забен имплант што бил навлезен и заглавен во максиларниот синус.

Кога имплантот се наоѓа во синусот, тој претставува страно тело. Организмот природно се обидува да го исфрли, но бидејќи тоа не е можно, се создава секрет што со текот на времето загнојува, го блокира синусот и предизвикува акутна гнојна воспалителна реакција.

Фото: Промо

Со прецизно и минимално инвазивно отстранување на страното тело, преку носната шуплина, воспалението се смирува, синусот повторно ја воспоставува својата нормална функција, а пациентот закрепнува значително побрзо, со минимална траума и пократок период на закрепнување.

Благодарение на експертизата на д-р Данчо Шурков и мултидисциплинарниот медицински тим на Клиника „Жан Митрев“, уште еден пациент доби безбедно, современо и ефикасно решение.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. За закажување термин или за информации јавете се на тел. 02/ 3091 484

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот