Израел не го почитува примирјето со Хезболах, во Швајцарија нова рунда преговори помеѓу САД и Иран

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи патуваат во Швајцарија на нова рунда разговори насочени кон постигнување подолгорочен договор меѓу Вашингтон и Техераn, пренесува Аксиос.

Според информациите, Виткоф ќе му се придружи на Џаред Кушнер, кој веќе се наоѓа во Швајцарија. Во меѓувреме, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс претходно го откажал планираното патување поради зголемените тензии меѓу Израел и Хезболах.

Разговорите следуваат по воспоставувањето примирје меѓу Израел и Хезболах во Либан, што се смета за важен чекор кон стабилизирање на пошироката безбедносна ситуација на Блискиот Исток.

ВИДЕО | Израел го нападна Јужен Либан само 30 минути откако стапи во сила примирјето со Хезболах

Ескалацијата на судирите во Либан претходно ги доведе во прашање американско-иранските преговори, кои се сметаат за клучни за повторно отворање на Ормутскиот Теснец и стабилизирање на глобалното снабдување со нафта.

Според американски претставници, прекинот на огнот стапил во сила вчера попладне, а во постигнувањето на договорот посредувале преговарачи од САД и Катар, со поддршка од Иран.

Сепак, само 30 минути откако стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хезболах, веќе биле пријавени најмалку четири големи израелски воздушни напади низ Јужен Либан, јави Ал Џазира, објавувајќи и видео од терен.

Новите разговори се надоврзуваат на меморандумот од 14 точки што САД и Иран го потпишаа оваа недела. Документот предвидува 60-дневен рок за решавање на спорните прашања поврзани со иранската нуклеарна програма и други чувствителни теми, со цел постигнување траен договор и намалување на тензиите во регионот.

Израел го користи Либан за пак да ги раскара САД и Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот