Мохамед Салах/ EPA/BOB FRID

ВИДЕО | Египет со пресврт славеше историска победа против Нов Зеланд

Репрезентацијата на Египет оствари значајна победа над Нов Зеланд со 3:1 на стадионот „Би-Си Плејс“ во Ванкувер, во натпревар од второто коло од групната фаза на Светското првенство. Со освоените три бода Египќаните направија голем чекор кон пласман во нокаут-фазата на турнирот.

Средбата започна одлично за Нов Зеланд, кој поведе уште во 15. минута преку Сурман. По примениот гол, Египет ја презеде иницијативата и тргна во потрага по израмнување. Африканската селекција создаде неколку добри можности, но до паузата не успеа да ја затресе противничката мрежа.

Сепак, во второто полувреме Египќаните целосно ја оправдаа улогата на фаворити и стигнаа до заслужен пресврт. Зико во 58. минута погоди за 1:1, а само девет минути подоцна Мохамед Салах се запиша меѓу стрелците и донесе водство од 2:1.

Конечните 3:1 ги постави Трезеге осум минути пред крајот на натпреварот, потврдувајќи ја убедливата победа на Египет. Со овој триумф Египет ја запиша својата историска, прва победа на светските првенства.

По две одиграни кола, Египет е лидер во групата Г со четири бода, два повеќе од Иран и Белгија, кои ја делат втората позиција. Нов Зеланд е последнопласиран со еден бод. Во последното коло ќе се сретнат Египет и Иран, додека Белгија ќе игра против Нов Зеланд.

ВИДЕО | Нова сензација на Мундијалот: Зеленортски Острови освоија бод и против Уругвај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот