Поп ја блокира Парадата на гордоста во Солун / Фото: принтскрин / Х

ВИДЕО | „Покајте се“ — маж облечен како поп легна на улица и ја блокираше Парадата на гордоста во Солун

Неочекуван инцидент се случи попладнето во Солун, за време на Парадата на гордоста, кога маж облечен како свештеник легнал на улицата и почнал да извикува: „Покајте се“, пренесува Прототема.

На видеото кое брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа како тој лежи на улицата со крст во рацете пред едно од возилата што учествувале во парадата, поради што набрзо беше повикана полицијата, која го отстрани од местото.

Според грчките медиуми, лицето не било официјален претставник на Грчката православна црква, иако носело монашка облека. При полициската проверка било утврдено дека против него постоела осудителна пресуда поврзана со случаи на наркотици и оштетување имот.

ФОТО и ВИДЕО | Одбиваме да бидеме скриени и надвор од јавниот простор, порачаа учесниците на Парадата на гордоста

Настанот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и повторно ја отвори дебатата за односот меѓу верските убедувања, граѓанските права и јавниот простор.

Во Битола се одржала контра Парада на гордоста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот