Фото: ОФМ/Вангел Тануровски

Македонските одбојкарки го освоија последното 24 место во Европската лига

Женската одбојкарска сениорска репрезентација на Македонија со пораз од Словенија, 0:3 (15:25, 10:25, 10:25) го заврши настапот во Европската лига 2026 пред својата публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонските одбојкарки посилен отпор понудија единствено во првиот сет кога имаа и водство од 12:10, но Словенија со серија направи пресврт, а потоа и убедливо го освои сетот.

Во продолжението од натпреварот словенечките одбојкарки рутински си ја завршија работата.

Фасулева со седум и Милевска со шест поени беа најефикасни во нашата селекција.

Македонија настапот во Европската лига 2026 го завршува со шест порази во исто толку одиграни натпревари. Во конечниот пласман го освоивме последното 24 место без ниту еден освоен сет (0:18).

Резултатите на македонските одбојкарки во Европската лига 2026:

Македонија – Словенија 0:3
Хрватска – Македонија 3:0
Азербејџан – Македонија 3:0
Македонија – Шпанија 0:3
Португалија – Македонија 3:0
Македонија – Унгарија 0:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот