Фото: mkd.basketball

Македонските кошаркари поразени во контролниот меч против Бугарија

Најдобрата македонска сениорска кошаркарска репрезентација со пораз го започна подготвителниот период. Во првата контролна средба од јулскиот циклус, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал загубија од Бугарија во Самоков со резултат 97:68.

Македонската селекција настапи во некомплетен и подмладен состав со оглед на тоа што стручниот штаб не можеше да смета на неколку стандардни репрезентативци. (во последен момент, без капитенот Војдан Стојановски, но и Андреј Јакимовски, и натурализираниот играч кој е во плановите на стручниот тим).

Тоа го искористи домашниот тим кој од самиот почеток на натпреварот наметна свое темпо и контрола на играта. Бугарија подобро го отвори дуелот во „Сам Елион“ Арената и по првите 10 минути стигна до предност од осум поени (28:20). Во продолжението, домашната селекција ја зголемуваше разликата, а проблемите на Македонија во нападот резултираа со поголем минус на полувремето – 50:27.

По паузата, сликата на теренот не се промени значително. Македонија се обиде да најде ритам во играта, но тешко доаѓаше до реализација. Во третиот период, нашата селекција постигна 16 поени, додека Бугарија одговори со 25 и пред последната четвртина имаше водство од 75:43. Во завршниот период домаќинот рутински ја задржа предноста и стигна до конечна победа од 97:68 во првата контролна проверка за двете селекции.

Виктор Ефремовски реализираше 13 поени за нашата селекција (имаше и три асистенции и два скока). А двоен број на реализации запиша уште Виктор Ташовски, постигна 12, дополнети со по три асистенции и исто толку скокови. Девет поени постигна Тома Стојаноски (имапе и по два скока и асистеенции), а еден поен помалку имаше Лука Стојановски.

За Македонија ова беше прва подготовка во пресрет на натпреварите од претквалификациите, а стручниот штаб продолжува со работа во период во кој фокусот е ставен на воигрување на тимот и подготовка за официјалните предизвици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот