Фото: МИА

Велешанец со камион прегазил пешак — жртвата починала на самото место

Велешанец вчера бил приведен откако со камион прегазил 54-годишен пешак, кој им подлегнал на повредите на местото на несреќата.

Сообраќајната несреќа се случила на улица „Раштански пат” во Велес, велат од Министерството за внатрешни работи, кога 55-годишниот возач на товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки и со приколка со велешки регистарски ознаки, удрил во пешакот О.Ѓ., од Велес.

„Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес. Возачот С.Д. е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес“, изјавија од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

Камион прегази пешак на патот Куманово-Крива Паланка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот