Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Германски моторџија излетал од патот кај Бигорски манастир, заврши со тешки повреди

Германски државјанин вчера излетал од патот во близина на Бигорскиот манастир и завршил на болница со тешки повреди.

„На 21.06.2026 во 10:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на патниот правец Маврово кон Дебар, во близина на Бигорскиот манастир, германскиот државјанин К.Б.(55), управувајќи мотоцикл со германски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар, се наведува во соопштението.

Скопјанец со мотор излетал од патот кај Козјак, со тешки повреди е пренесен на Клиника

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот