Невреме во Брисел/Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Пороен дожд, грмежи и град ги погоди Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Капија

Силно невреме попладнево ги зафати регионите на Штип и Гевгелија, каде што се регистрирани силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Невремето, како што посочуваат од УХМР, полека се движи кон југоисток. Се очекува и посилен развој на невремето па стишување во доцните вечерни часови.

Во 18:25 часот е забележана изразена атмосферска нестабилност и на потегот меѓу Неготино и Демир Капија, проследена со интензивен дожд, силни електрични празнења и локална појава на град.

Нестабилното време и натаму ги зафаќа централните и североисточните делови на Македонија, а надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат временските прогнози и предупредувања.

Метеоролозите најавуваат дека на одредени места процесите може да бидат поинтензивни, со услови за невреме, засилен ветер и поголема количина на врнежи за краток временски период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот