ФОТО | Случајност или провокација? Снаата на Викторија и Дејвид Бекам објави топлес фотографии со Бруклин
На приказните за семејната драма во семејството Бекам им нема крај. Откако излегоа во јавноста информации за кавгата помеѓу најстариот син Бруклин и Викторија и Дејвид Бекам, секој ден „испливуваат“ нови пикантерии.
Препорачано
Најнова во низата е фотографијата којашто снаата на Викторија и Дејвид, Никола, ја објави, а за која многумина рекоа дека намерно сакала да го испровоцира семејството Бекам.

Актерката Никола Пелц (29) случајно откри провокативни фотографии со сопругот Бруклин Бекам (27), со што ги разгоре приказните за кавгата во семејството Бекам. Ѕвездата од серијата „Бејтс мотел“ и Трансформерс“ на Инстаграм ги откри интимните црно-бели фотографии од неа и Бруклин што висат на ѕидот од нивниот дом во Беверли Хилс.
На фотографиите Никола позира топлес додека го прегрнува Бруклин. Иако објавувањето наводно е случајно, многумина го сметаат за провокација во екот на семејната расправија во семејството Бекам. Бидејќи Бруклин е фотограф, многумина се сомневаат дека тој е автор на портретот.
Овој потег дојде веднаш по Денот на татковците, што дополнително ги истакна тензиите во семејството.
Објавата се случи откако Бруклин го игнорираше својот татко за Денот на татковците, додека Дејвид и Викторија (52) го вклучија својот најстар син во своите честитки. Тие споделија семејни фотографии со Бруклин, Ромео (23), Круз (21) и Харпер (14), а Дејвид рече дека „да се биде татко му е најважна работа“.
Ова наводно го разбеснило Бруклин, кој ги замолил своите родители да не го вклучуваат во нивните објавите.
– Врие од бес. Ги замоли да го остават на мир, а тие не го почитуваат тоа – рекол извор близок до семејството.
Ова е само продолжение на семејната кавга – Бруклин претходно ги обвини своите родители дека го саботираат неговиот брак со богатата наследничка Никола и наводно барал комуникација само преку адвокати.
Гордон Ремзи му порача на Бруклин Бекам: „Еден ден ќе ги немаш мајка ти и татко ти“
Дејвид Бекам не се откажува од синот Бруклин: „Да се биде татко е мојата најважна работа“


