ФОТО | Кристина Арнаудова и Брејк — морски одмор со семејствата со поглед од милион долари
Кристина Арнаудова објави интересна фотографија од неформална дружба со колегата Дарко Гелев-Брејк и неговата сопруга.
Поп-пејачката и хуманитарка ги користи топлите летни денови за максимално уживање и полнење на батериите надвор од секојдневните обврски.
Препорачано
На својот инстаграм-профил, Кристина сподели прекрасна фотографија од опуштен ручек покрај самото море. На неа се гледа добро познато друштво со кое ужива на прекрасна тераса со поглед на синилото во друштво на својот сопруг, но и на долгогодишниот пријател, Дарко Гелев-Брејк и неговата сопруга Драгана Клопчевска.
„What a day“ (Каков ден) и „Екипа за медаља“, стои во описот на фотографијата која Кристина ја сподели со своите следбеници, означувајќи ги Брејк и Драгана, додека во позадина оди хитот на Брејк, „За нас“.

Покрај забавата со пријателите, пејачката ја покажа и романтиката со својот сопруг, Александар Петровски. На една од инстаграм-приказните, Кристина сподели уште еден кадар кој зрачи со љубов -романтичен бакнеж на зајдисонце, во морето овојпат со звуците на песната „West Coast“ од Лана Дел Реј.
Кристина Арнаудова, која повеќе од една деценија го води своето здружение „Проект среќа“, на Инстаграм откри дека за летово, со помош на донации, успеале да обезбедат летување за 26 деца, а некои од нив првпат ќе одат на море или езеро.

„Имам една маана. Преретко зборувам за она кое секојдневно го работам. За хуманитарната работа.
Секоја година „Проект среќа“ организира летни кампови за деца кои никогаш не биле на летен одмор, и не можат да си го дозволат тоа. Така и оваа година! Оваа година, до овој момент, обезбедени средства за летни кампови за 26 деца! Грција, Македонија, Црна Гора… каде имаат желба таму! Благодарение на донации на физички лица, армијата на ‘Проект среќа’.
Вистината е дека всушност не објавувам со една причина. Реакцијата на овој профил, од оние кои навистина можат да помогнат, е скоро непостоечка. Нема ниту шер!
За децата на Македонија. Иднината. Оние пред кои затвораме очи.
И пред неколку години решив дека секако нема реакција, па подобро да си ќутам и да работам! Но, тоа има свои последици. Реакциите аплаузите и разните награди се резервирани само за оние кои секој свој чекор го сликаат и објавуваат. Бројат и зборуваат.Имам расчистено дека награди, аплаузи и тронови не ми требаат мене, јавниот живот не ме интересира веќе некое време.
Но, на ‘Проект среќа’ да, затоа што само така можеме да им помогнеме на децата!
Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за секое дете! За еден тон проекти, и сето тоа без многу бука, галама и фама!Ако вие сте едни од тие на кои им е мачно еден лајк да стават за поддршка на ‘Проект среќа’, не гледам зошто би ме следеле мене?
Ако бараме промени, а мачно ни е еднаш годишно да дадеме нешто од себе, притоа имајќи повеќе од што ни е потребно, тогаш проблемот не е во општеството, туку во нас!“, напиша Кристина на својот инстаграм-профил.


