Полицијата го опколила човекот што изврши масакр во Турција – тој си пресудил
Мажот, осомничен дека извршил серија смртоносни пукања во Јужна Турција, се самоубил откако безбедносните сили го опколиле, објави „Вашингтон пост“.
Препорачано
Триесет и седумгодишниот осомничен, вооружен со пушка, вчера во Тарсус, во провинцијата Мерсин, ги убил својата сопруга и уште петмина, а ранил уште осуммина. Полицијата ангажирала хеликоптери и дронови во голема потрага пред да го лоцира.
Осомничениот си го одзел животот во куќа во која се криел, откако безбедносните сили ја опколиле зградата.
Ново пукање во Турција, тинејџер уби тројца соученици и еден наставник
Тој, според сомнежите, прво ја убил сопругата на улица, а потоа од автомобил пукал кон ресторан, при што ги убил сопственикот и еден вработен. Подоцна, наводно, во друга населба убил и тинејџер, 50-годишен маж и уште една жртва.
Кабинетот на гувернерот на Мерсин соопшти дека мажот имал историја на злоупотреба на супстанции и психијатриски проблеми.
Пукањата се случија во време на раст на оруженото насилство во Турција. Минатиот месец, во пукање во училиште во провинцијата Кахраманмараш загинаа 10 луѓе, додека во друг напад во училиште еден ден претходно беа ранети 16 луѓе.
Ново пукање во Турција, тинејџер уби тројца соученици и еден наставник


