Фото Daniren / Alamy / Profimedia

Крај на безвизното патување за Русите во Црна Гора, Брисел бара усогласување

Црна Гора од наесен би можела да воведе визи за државјаните на Русија и на Белорусија, како прв чекор во усогласувањето на својот визен режим со правилата на Европската Унија, објави „Дан“.

Во вториот круг на усогласување на визниот режим, кој ќе продолжи до крајот на оваа година, најверојатно ќе се најде и Турција, а визите постепено ќе се воведуваат и за државјаните на Кина, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Катар и на Бахреин.

Црна Гора се обврза да ја усогласи својата визна политика со правилата на ЕУ, особено за оние држави кои претставуваат ризик од нелегална миграција или безбедносен ризик.

Земјата постепено ќе ги укинува и договорите за безвизен режим со држави за кои ЕУ бара визи, најмалку со една држава годишно.

Речиси 9.000 Турци ја напуштија Црна Гора по инцидентот со избодениот Црногорец

Целосното усогласување на визната политика се очекува по влезот на Црна Гора во ЕУ. Сепак, Владата веќе предложи делумно усогласување како подготвителен чекор.

Црна Гора до декември треба да започне со собирање биометриски податоци, согласно барањата за идното членство во Шенген-зоната.

Во Реформската агенда се наведува дека почетна основа за укинување на безвизниот режим се 11 земји со кои Црна Гора сè уште нема усогласена визна политика.

Некои од нив, како што се Русија и Турција, имаат големо економско и туристичко влијание во Црна Гора.

Податоците на Монстат за 2025 година покажуваат дека руските туристи, и покрај санкциите и недостигот од директни летови, оствариле дури 16,4 отсто од вкупниот број ноќевања на странски гости во Црна Гора. Тие се на второто место според бројот на ноќевања, веднаш зад Србија.

Турците, исто така, во последните години имаа значително влијание врз црногорскиот туризам, но и врз инвестициите.

Според податоците на Монстат, турските туристи минатата година оствариле значителни 4,3 отсто од вкупниот број ноќевања на странски гости во Црна Гора.

Црна Гора влегува во финиш во преговорите со ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот