Ана Брнабиќ / фото: EPA-EFE

Брнабиќ ги убедува Србите дека стратешкиот дијалог со Америка е големо достигнување што ќе им донесе корист

Претседателката на Српскиот парламент и поранешна премиерка, Ана Брнабиќ, вели дека дека започнувањето на стратешки дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави ќе донесе значителни придобивки за државата, особено за младите генерации, јавуваат српските медиуми.

Според Брнабиќ, стратешкиот дијалог, каков што, да потсетиме, со САД води и Македонија, е „едно од најважните достигнувања во последните децении“.

Таа рече дека тоа е „доказ за конзистентната политика на претседателот Александар Вучиќ, кој го избира потешкиот пат кога смета дека тој е најдобриот за Србија“.

Осврнувајќи се на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Киев, Брнабиќ рече дека Вучиќ успеал истовремено да ја приближи Србија до Европската Унија и да ја зачува суверената надворешна политика, со тоа што не ја потпиша Киевската декларација.

Таа ѝ се заблагодари на Украина што, како што наведе, го почитува територијалниот интегритет на Србија и не го признава Косово.

„Вучиќ беше во Киев, со што покажа дека Србија останува посветена на европските интеграции, но истовремено ја задржува сопствената суверена политика, која нема да се менува под какви било притисоци. Не ја потпиша декларацијата, но беше во Киев, што е добро за Србија“, изјави Брнабиќ.

ВИДЕО | Вучиќ: Само јас не ја потпишав заедничката декларација во Киев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот