Makron
Emanuel Makron / Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Макрон најавува тешко лето: Франција се соочува со најлошите пожари од Втората светска војна

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја се соочува со најлошите пожари од Втората светска војна, додека противпожарните служби во Франција, Шпанија и Обединетото Кралство се обидуваат да ги стават стават под контрола огнените стихии, пренесе ДПА.

При посетата на пожарникарите кои се борат со пожарите во иконската шума Фонтенбло јужно од Париз, Макрон рече дека ова лето ќе биде „тешко“, со рекорди кои веќе беа соборени пред пикот на сезоната на шумски пожари.

Јавните обвинители започнаа истрага против компанијата и нејзините работници кои користеле електрична пила додека вршеле поправки на блискиот автопат. Истражителите веруваат дека искра од пила ја запалила вегетацијата.

Пожарникар доброволец беше уапсен откако призна дека го запалил пожарот користејќи запалка и бензин, додека друг човек ненамерно го запалил пожарот фрлајќи отпушок од цигара.

Властите во Шпанија објавија дека пожарот во Арагон веќе уништил 4.500 хектари шума, ниска вегетација и земјоделско земјиште. Регионалната влада на североистокот на земјата потврди дека пожарот во близина на селото Ореса е сè уште надвор од контрола.

Неколку блиски села беа евакуирани, а медиумите објавија дека 500 луѓе биле погодени. Властите очекуваат дека ќе бидат потребни неколку дена за да се стави пожарот под контрола.

Поради шумски пожар во Шкотските висорамнини, домовите, камповите и другите објекти беа евакуирани. Британските медиуми објавија дека пожарот избувнал вчера наутро и се разгорел во текот на ноќта во Националниот парк Кернгормс. До денес попладне, пожарот бил ставен под контрола.

Големи пожари по топлотниот бран во Јужна Европа, евакуирани се 10.000 луѓе во Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот