Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

Црна Гора влегува во финиш во преговорите со ЕУ

Црна Гора се приближува до клучниот момент во својот долгогодишен пат кон членство во Европската Унија, откако земјите членки дадоа зелено светло за подготовка на пристапниот договор – документ што го дефинира влезот во Унијата, јавува Еуроњуз.

Овој чекор означува премин во најкомплексната етапа од процесот, каде паралелно со изработката на договорот, земјата ќе мора да ги финализира реформите и да ги затвори преостанатите преговарачки поглавја. Иако не значи автоматско членство, сигнализира дека процесот влегува во завршна фаза.

Од Подгорица порачуваат дека станува збор за „финален круг“ од повеќегодишните преговори, кои започнаа уште во 2012 година. Земјата има кандидатски статус од 2010 година и досега ги има отворено сите поглавја, додека дел од нив се веќе привремено затворени.

Во Брисел, Европската комисија ја гледа Црна Гора како најнапреден кандидат од Западен Балкан, со можност за членство во наредните неколку години – условено со резултати, а не со рокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот