Фото: EPA/WILL OLIVER

Олисе против Англија урна мундијалски рекорд на Пеле

Франција и Англија приредија вистинско гол шоу во вчерашниот натпревар за третото место, а една од главните фигури на натпреварот беше Мајкл Олисе, кој испиша нова страница во историјата на Светските првенства.

Фудбалерот на Баерн Минхен забележа две асистенции и со тоа стигна до вкупно седум на актуелниот Мундијал, поставувајќи нов рекорд.

Олисе го надмина легендарниот Пеле, кој на Светското првенство во 1970 година запиша шест асистенции, бројка што повеќе од пет децении остана недостижна. Со ова достигнување, францускиот репрезентативец стана играчот со најмногу асистенции на едно Светско првенство.

Особено впечатлив е податокот дека дури пет од неговите седум асистенции завршиле кај Килијан Мбапе, кој максимално ја искористи одличната соработка со својот соиграч во францускиот напад.

ВИДЕО | Бронзата за Англичаните, хет-трик на Букајо Сака против Франција

Сѐ е подготвено за спектаклот на годината: Аргентина и Шпанија вечерва играат за светска титула

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот