Фото: Србијавоз / srbijavoz.rs

Италија предлага железничка линија Трст-Белград

Идејата за воспоставување железничка линија меѓу Трст и Белград повторно е актуaлизирана при посетата на италијанскиот министер за инфраструктура и транспорт Матео Салвини на Србија, пишуваат српските медиуми.

Планираната траса би минувала низ Италија, Словенија, Хрватска и Србија, а Италија сака да има водечка улога во проектирањето на новиот железнички коридор.

Линијата би се користела и за патнички и за товарен сообраќај и би ги поврзала пристаништата на северниот Јадран со пазарите во Југоисточна Европа.

Проектот се вклопува во долгорочните планови на Србија за развој на транспортната инфраструктура до 2035 година.

Главна пречка е различната развиеност на железничката мрежа во земјите низ кои би минувала трасата.

Во Хрватска делови од пругата сè уште се едноколосечни, додека во Србија е модернизиран дел од линијата од Белград кон хрватската граница.

Трст би бил главна влезна точка кон Западен Балкан, со што дополнително би се зајакнала неговата улога како важен регионален транспортен и логистички центар.

Научниците развија метод за проценка на анксиозноста кај кучињата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот