Ибица, Шпанија / Фото: Pexels

Британец починал на Ибица додека се спуштал по воден тобоган во базен

Британски турист го загуби животот за време на семејниот одмор на островот Ибица, Шпанија, додека се спуштал по воден тобоган во хотелскиот базен, пишува „Дејли меил“.

Мажот на возраст од 64 години не се појавил повторно на површината на водата, а сè се случувало пред очите на неговата сопруга и на ќерката, кои во тој момент го набљудувале.

Несреќата се случила во хотел во познатото туристичко место Кала Тарида, на западниот брег на Ибица.

Хотелскиот персонал веднаш започнал со кардиопулмонална реанимација и употребил автоматски дефибрилатор, откако било утврдено дека мажот доживеал срцев застој. И покрај сите напори на медицинските екипи, неговиот живот не можел да биде спасен и лекарите констатирале смрт на местото на настанот.

Портпаролот на Цивилната гарда потврди утрово:

„Британски турист на возраст од 64 години починал по инцидент во хотел во Кала Тарида на Ибица во саботата наутро“.

Шпанската полиција отвори истрага за околностите под кои дошло до трагедијата.

Овој случај повторно ја отвори темата за безбедноста на базените во туристичките центри. Во текот на изминатиот месец, во Шпанија се регистрирани неколку трагични давења, меѓу кои и четири деца од Велика Британија кои ги загубиле животите во базени. Меѓу нив е и тригодишно девојче, кое било пронајдено како плови со лицето надолу во базен на куќа за одмор на Мајорка, но и покрај обидите на лекарите не успеало да преживее.

 

Пронајден мртов бизнисменот Марјан Јованов познат како „Мане-Левис“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот