ФОТО | Ова е човекот убиен од имиграциски агенти во Минесота, 37-годишен болничар

Мажот од Минесота кој беше убиен денеска од федерални агенти е идентификуван како Алекс Прети на возраст од 37 години. Тој работел како регистриран медицински брат на одделот за интензивна нега во здравствениот систем на Минеаполис, немал криминално досие и поседувал дозвола за носење оружје. Станува збор за американски државјанин кој беше убиен на улица среде бел ден.

Ова е второ фатално убиство овој месец во Минеаполис, Минесота, од страна на федерални агенти.

Прети студирал за медициснки брат на Универзитетот во Минесота, каде што бил и помлад научник почнувајќи од 2012 година, според неговиот профил на LinkedIn.

Во меѓувреме Гардијан објави ново видео од моментите кога настана конфронтацијата во која Прети беше смртно застрелан од имиграциските агенти.

„Тој сакаше да им помага на луѓето“, рече Димитри Дрекоња, раководител на одделот за заразни болести во болницата за ветерани и професор по медицина на Универзитетот во Минесота, кој работеше со Прети во болницата и на истражувачки проект. „Тој беше супер љубезен, супер услужлив човек – се грижеше за своите пациенти. Едноставно сум запрепастен.“

Тој го опиша Прети како „извонреден“ медицински брат и вреден работник, човек што бил шеговит и со „заразен“ дух. „Тој беше толку добар човек“, изјави Дрекоња за Гардијан. „Едноставно обожавам да работам со него“.

Мајкл Прети, таткото на Алекс, ја повтори оценката на Дрекоња, опишувајќи го својот син за Асошиејтед Прес како некој што „длабоко се грижи за луѓето и бил многу вознемирен од она што се случуваше во Минеаполис и низ САД со ICE, како што се вознемирени милиони други луѓе“.

„Тој сметаше дека протестирањето е начин да ја изрази таа, знаете, неговата грижа за другите“, рече таткото.

Федералните агенти во Минеаполис денеска го застрелаа Прети, соопштија локални и федерални претставници. Ова е второ фатално пукање во кое учествуваат федерални агенти овој месец за време на зголеменото спроведување на имиграциските мерки, пренесува Ројтерс.

ВИДЕО | Федералните агенти убија човек на улица во Минеаполис – второ фатално пукање месецов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот