Батаља дел Вино / Фото: CESAR MANSO / AFP / Profimedia

Во Шпанија се одржа традиционалната Винска битка — нема победници, целта е до крајот сите да се обоени со вино

Секоја година на 29 јуни, на празникот на Свети Петар, илјадници луѓе се собираат во шпанската покраина Ла Риоха за да учествуваат во необична традиција – Батаља дел вино, или Винска битка, објави „Пункуфер“.

Уникатниот фестивал се одржува на карпите на Билиби, неколку километри над градот Харо, а учесниците тргнуваат рано наутро кон местото на големиот вински судир. Сите учесници се облекуваат во бела облека од глава до пети која ќе стане темноцрвена до крајот на битката.

Батаља дел вино / Фото: CESAR MANSO / AFP / Profimedia

Прво се застанува кај локалната црква, каде што се одржува миса во чест на светецот-заштитник на градот, Свети Феликс (Сан Феличес), а по мисата започнува битката. Оружјето го бираат самите учесници – од водни пиштоли, до садови и кофи и многу друго. На крајот на пресметката, нема победници или губитници. Единствената цел е до крајот на битката никој да не остане облечен во бело и сите да се забавуваат.

Потеклото на Винската битка е поврзано со вековен граничен спор помеѓу Харо и соседниот град Миранда де Ебро, кој се водел токму поради сопственоста на областа Билиби. Со текот на времето, поклоненијата и свечените церемонии се претвориле во весело точење вино, а обичајот прераснал во еден од најпознатите вински настани во Шпанија.

Батаља дел вино / Фото: James Sturcke / Alamy / Profimedia

Денес, Винската битка повеќе не е само локален обичај. Секоја година привлекува илјадници туристи од целиот свет, а шпанските власти ја прогласиле за настан од национално туристичко значење. По винската битка, прославата продолжува со враќање во Харо со музика, поворки, танцување и бројни гастрономски и културни настани.

Иако за време на фестивалот се истураат десетици илјади литри вино, главно вино со пониска пазарна вредност е наменето за овој настан, додека познатите вина од Риоха остануваат резервирани за винарски визби и дегустации.

ФОТО | Магијата на Италија: Бајковит град крие незабележливи „прозорци“ каде што можете да нарачате вино

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот