Наоми Осака на Австралија Опен во јануари 2026 година/Фото: Dubreuil Corinne/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО | Сите зборуваат за модните изданија на Наоми Осака на тениските натпревари — за едното е заслужен Тарантино

Јапонската тенисерка Наоми Осака (29) на секој нов тениски турнир изненадува со своите впечатливи модни комбинации, па така беше и овој пат, кога повторно привлече внимание во првото коло од овогодинешниот Вимблдон.

Иако оваа година веќе имаше неколку ефективни изданија, треба да се земе предвид дека Вимблдон, сепак, има построги кодекси за облекување. За натпреварот против Французинката Елза Жакмо, Осака пристигна во долг бел фустан, кој е инспириран од традицијата и културата на нејзината родна земја. Фустанот е, всушност, кимоно – и беше во согласност со модните правила на најпознатиот тениски турнир.

Наоми Осака на Вимблдон 2026/Фото: Mike Egerton, PA Images / Alamy / Profimedia

– Кога ќе помислам на Вимблдон, првото нешто што ми паѓа на ум е целосно бела облека. Тука е, секако, и целата таа традиција – рекла Осака, која ја победи Французинката со 2:0 во сетови.

– Кога размислувам за тоа, веднаш помислувам и на моите корени, односно на мојата јапонска и хаитска култура. А кога подлабоко размислувам за јапонската култура, првата иконска силуета што ми паѓа на ум е кимоното. Не мора дури ни да ја видите неговата боја за веднаш да знаете дека станува збор за кимоно – објаснила тенисерката која е 14-та на листата на ВТА.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charisse Kenion (@charisse_kenion)

„Убиј го Бил“ како модна инспирација

Меѓу другото, таа открила дека за модната комбинација е заслужен и филмот „Убиј го Бил“ (Kill Bill) на режисерот Квентин Тарантино.

– Се присетив и на еден од моите омилени филмови. Го обожавам „Убиј го Бил“ и се сеќавам дека бев целосно воодушевена од ликот што го глуми Луси Лиу. Ова е моја интерпретација на таа идеја, но и начин да изразам голема почит и љубов кон Јапонија – додала тенисерката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dazed (@dazed)

Иако никогаш не се пласирала подалеку од третото коло на Вимблдон, Осака рекла дека носењето такви модни комбинации може да изврши дополнителен притисок врз неа.

– Не би рекла дека носењето на овие облеки ме смирува бидејќи мал дел од мене сака да го одигра  натпреварот добро за да можам да продолжам да ги носам – рекла таа.

– Мислам дека секој има свој начин да покаже дека го интересира модата. Секогаш многу се изненадувам кога и одам во соблекувалната, добивам многу прашања за тоа. Се чини дека на сите им е забавно. Едноставно тоа не би го очекувале.

Наоми Осака на Ролан Гарос на 1 јуни на натпреварот против Алина Сабаленка/Фото: JULIEN DE ROSA / AFP / Profimedia

Ова исто така не е првпат Осака да извади „од плакарот“ нешто толку оригинално и да го привлече вниманието на светот, од раскошниот фустан што потсетуваше на Ајфеловата кула до тоа што неодамна носеше и вел.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Australian Open (@australianopen)

Која е Наоми Осака?

Наоми Осака е поранешна светскиа тенисерка бр. 1 и прва азиска тенисерка што се нашла на првото место на ВТА листата во поединечна конкуренција, како и првиот играч од Јапонија — маж или жена — кој бил рангиран како светски бр. 1 играч. Таа е четирикратна Грен слем шампионка во поединечна конкуренција, со освоени две титули на Отвореното првенство на Австралија (2019, 2021) и две титули на Отвореното првенство на САД (2018, 2020). Таа е првата тенисерка која успеала да освои два Грен слем турнири едноподруго по Серена Вилијамс во 2015 година.

Родена на 16 октомври 1997 година во Осака, Јапонија. Нејзината мајка е од Немуро, Хокаидо, Јапонија, а нејзиниот татко е од Жакмел, Хаити. Таа има постара сестра, Мари, која е поранешна професионална тенисерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! India (@hellomagindia)

Иако Осака израснала во САД, нејзините родители одлучиле таа и сестра ѝ да играат под знамето на Јапонија. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FFW oficial (@ffw)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот