Фото: Tiziana FABI / AFP / Profimedia

ФОТО | Магијата на Италија: Бајковит град крие незабележливи „прозорци“ каде што можете да нарачате вино

Фиренца, град со богата гастрономска традиција и вистински хедонизам, е една од најпосакуваните европски локации во светот. Сепак, малкумина знаат дека овој живописен град крие тајна која има длабока историска позадина. Покрај тоа што во Фиренца може да се пробаат највкусните пици и тестеници, овој град е познат и по „винските прозорци“, или на италијански „Buchette del vino“ – „мали вински врати“, пишува хрватски „Фешн“.

Но, за што точно се работи? Овие прозорци, карактеристични главно за Фиренца, „преживеале“ низ вековите – од ренесансата, па сè до денес. Тие биле замислени како генијален начин за сервирање храна и пијалоци, без непотребен човечки контакт, и станале традиција која датира од 17. век, во времето кога бубонската чума пустошела низ градот. Трговците поставиле мали прозорци за дистрибуција на храна и пијалоци, придржувајќи се до безбедносните мерки.

Фото: Tiziana FABI / AFP / Profimedia

Коронавирусот ја оживеа оваа практика, нешто што ги „примора“ сите жители на Фиренца повторно да ја ценат безбедноста и да најдат значење во оваа единствена, дотогаш исклучиво туристичка практика. Овие прозорци не само што се функционални, туку се и вистински уметнички изрази, често украсени со симболи на мртва природа или религиозни мотиви. Нивната цел не е само да служат вино, туку и други италијански деликатеси како сладолед, кафе и разни јадења.

Фото: Tiziana FABI / AFP / Profimedia

Но, Фиренца не е единствениот град во Тоскана кој може да се пофали со овие магични прозорци. Градовите како Арецо, Сиена, Пистоја и Пиза, исто така, имаат свои верзии на вински прозорци, но Фиренца е неспорното срце на оваа традиција. И ден-денес, повеќе од 150 вински прозорци се наоѓаат на повеќе локации низ градот и ги потсетуваат сите жители и посетители на минатото и магијата од минатото во прекрасната Фиренца.

Затоа, доколку планирате да го посетите овој импресивен град во блиска иднина, додека талкате низ тесните улички на Фиренца, задолжително обрнете внимание на овие уникатни прозорци кои се наоѓаат на многу места во градот, а кои ви нудат можност да ја искусете магијата на Фиренца на единствен начин – преку квалитетно вино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот