Брукс Нејдер / Фото: Инстаграм/Брукс Нејдер

ФОТО | Ѕвездата на „Чувари на плажата“ ужива во Хрватска, сподели прекрасни фотографии од Дубровник

Американската манекенка и актерка Брукс Нејдер деновиве престојуваше во Дубровник, за време на паузата од снимањето на новата верзија на култната серија „Чувари на плажата“ (Baywatch).

Иако во своите објави на Инстаграм не ја откри точната локација, фотографиите што ги сподели покажуваат дека го посетила старото градско јадро на Дубровник. Таа прошетала низ препознатливите камени улички, а објави и фотографии од катедралата, со што ненаметливо го откри своето присуство во хрватскиот град.

Според хрватските медиуми, Нејдер во Дубровник пристигнала со јахта, а засега не е познато каде ќе го продолжи своето патување.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм

Нејдер неодамна беше фотографирана на снимањето на новите „Чувари на плажата“, каде што се појави во препознатливиот црвен костим за капење – симболот по кој оригиналната серија остана препознатлива низ целиот свет.

Американската актерка и манекенка има една од главните улоги во новата верзија на „Чувари на плажата“, која се снима за американската телевизиска мрежа „Фокс“. Премиерата на серијата е најавена за телевизиската сезона 2026/2027.

Брукс Нејдер / Фото: Инстаграм/Брукс Нејдер

Бен Афлек е во врска со поранешната на Синер и Алкараз? Атрактивната манекенка е 25 години помлада од него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот