Продолжување на рокот за дивоградбите е продолжување на беззаконието, реагира „Шанса за Центар“
Дивоградбите се нормалното, ненормален си ако градиш по закон. Така порачува државата. Продолжувањето на рокот за легализација е решение за продолжување на беззаконието, реагира иницијативата „Шанса за Центар“, алудирајќи на предложените пет години за да се продолжи важноста на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Препорачано
Од „Шанса за Центар“ потсетуваат дека Државниот комисија за спречување и заштита на дискриминација (ДКСК) уште пред пет години предупреди на високи ризици од корупција.
Наместо реформа и анализа на нефункционалните процедури, вели иницијативата, сега повторно се нуди пролонгирање.
„Пролонгирањето не носи напредок – туку ја продолжува истата неефикасност. Во меѓувреме, нема јавни податоци, нема отчетност и нема вистинска реформа. Светот инвестира во модернизација, автоматизација и паметни решенија. Кај нас – се продолжува истата постапка која веќе трае со години. Ако можела да трае 15 години, сега ќе трае 20?“, стои во реакцијата на „Шанса за Центар“.
Инаку, постојниот Закон за постапување со бесправно изградени објекти важи заклучно со 3 март годинава, по што постапките што се водат пред општините би запреле по сила на закон, во која фаза и да се, па ЗЕЛС побара продолжување на неговата важност, додека група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ измени со кои Законот треба да важи до март 2031 година.


