Фото: EPA-EFE/FEATURECHINA CHINA OUT

ВИДЕО | Деветмина загинаа и 11 луѓе се исчезнати во поплавите во Кина

Бројот на загинати во поплавите во југозападна Кина, во регионот на Чунчинг, се искачи на девет, а 11 луѓе се водат како исчезнати по обилните врнежи од дожд во оваа општина, објави Ројтерс.

Неколку населби и села во областа Јонгчуан беа сериозно погодени од ненадејни и екстремни врнежи во текот на ноќта во саботата, јавија државните медиуми.

Претходно во неделата беа потврдени три смртни случаи.

Врнежите предизвикаа поројни поплави и свлечишта во регионот, а повеќе од 2.000 жители беа евакуирани, соопшти државната новинска агенција.

Десетици луѓе загинаа претходно минатата недела кога силен бран на обилни врнежи зафати големи делови од централна и југозападна Кина.

Четворица загинаа во поплави во Кина, евакуирани се над 19.000 луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот