Големи поплави во централна Кина/ Фото: EPA-EFE/FEATURECHINA CHINA OUT

Четворица загинаа во поплави во Кина, евакуирани се над 19.000 луѓе

Четворица луѓе загинаа, а еден се води како исчезнат по поројните дождови што предизвикаа поплави во провинцијата Хунан, во централна Кина, објави „Анадолу“.

Најновиот бран дождови го погодил округот Шимен, каде биле засегнати 61.583 жители. Според локалниот комитет за вонредни состојби, 19.040 луѓе биле евакуирани на побезбедни места.

Обилните дождови продолжиле и во вторникот во делови од централна Кина, предизвикувајќи поплави и нарушувања во секојдневниот живот. Поради невремето биле затворени училишта и деловни објекти, а проблеми имало и во транспортот и снабдувањето со електрична енергија.

Кинеската државна агенција „Синхуа“ предупреди дека делови од Хунан и понатаму се соочуваат со ризик од свлечишта, поројни и урбани поплави, како и задржување вода во населени места.

Зграда се урна во Германија, спасувачите трагаат по тројца исчезнати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот