ВИДЕО: Паника на корида во Босна – бикови влетаа во публиката
Борбите со бикови во селото Бијело Поље кај босанското гратче Какањ, кои собираат голем број гледачи, оваа година речиси заврши трагично кога вратата од арената остана отворена за време на борбата, што им овозможи на два бика да избегаат во публиката, пренесе „Телеграф“.
Препорачано
Според достапните информации, никој од публиката не е повреден, но настанот предизвика паника и повторно ја отвори дебатата за безбедноста и етиката на ваквите настани.
Takmičenje u borbama bikova u selu Bijelo Polje kod Kaknja u srednjoj Bosni gotovo je završilo haotično nakon što su vrata arene ostala otvorena, što je omogućilo dvojici bikova da pobjegnu među publiku. Kritičari borbi bikova tvrde da, iako borbe u Bosni i Hercegovini nisu… pic.twitter.com/2pvNC4IPfp
— Al Jazeera Balkans (@AJBalkans) May 14, 2025
Борбите со бикови имаат долга историја во Босна и Херцеговина и се сметаат за дел од културното наследство, особено во руралните области.
Вакви натпревари се одржуваат со векови, а најпознати се Чевљанската и Грмачката корида, кои собираат и до 60.000 гледачи, додека се проценува дека на најпознатите настани учествуваат до 100.000 луѓе од целиот регион и од странство. Голема е и посетеноста на борбите во Бијело Поље.
Ваквите настани редовно се критикувани од здруженијата за заштита на животните, кои предупредуваат на стрес, физичка исцрпеност и можни повреди на животните, како и опасност за гледачите, како во инцидентот во Бијело Поље.


