Ружица Милошеска Брчиоска / Фото: Facebook / Ruzica M. Brcioska

Љубов која трае од средно училиште – Ружица од „Ареа“ со романтична приказна за сопругот Ивица

Романтична фотографија од сопругот Ивица Брчиоски, сподели Ружица Милошеска – Брчиоска, пејачката на култната македонска рок група „Ареа“.

Таа ги разнежни своите следбеници со сликата од Ивица во магичен момент на зајдисонце покрај вода, а објавата ја надополни со стиховите од легендарната песна на „Дип парпл“, „Smoke on the water“.


Љубовната приказна на Ружица и Ивица со години е поврзана со музиката. Тие не се само животни сопатници, туку и креативна сила зад еден од најпрепознатливите македонски рок состави. Ивица стои зад музиката, аранжманите и препознатливиот звук на „Ареа“, додека Ружица со својот моќен вокал и текстови остави силен печат на домашната музичка сцена.

Ружица и Ивица ја почнаа љубовната приказна во средношколските денови. Во едно интервју, Ружица откри дека не му дошла на Ивица на првиот состанок, но тој бил упорен. Брзо откако ја почнале врската, тие сфатиле дека ги врзува и музиката, па во 1991 година го формираа познатиот гостиварски бенд.

„Ние сме школски другари од средно училиште. Инаку заедно сме од по завршувањето на средното училиште, па сè до денес. Гледајќи од оваа временска дистанца сметам дека за нашата врска и нејзиниот опстанок до денес, покрај љубовта помеѓу нас, одлучувачка беше и љубовта кон создавањето музика, не знам, можеби и се лажам. Професионалното од приватното до ден-денес не успеавме да го раздвоиме. Тоа од една страна е добро, а од друга страна и не е добро. Но, тоа сме ние, така функционираме. Нашата ќерка Елена го наследи музичкиот талент од нас и се приклучи кон бендот ‘Ареа’ како придружен вокал на живите настапи. Инаку, Елена по професија е магистер архитект“, откри Ружица во едно интервју за „Слободен печат“.

Нивната хармонија не се гледа само во приватниот живот, туку и на сцената, каде со децении создаваат музика што допира до генерации. Хитовите како „Сите мои слики“, „Нешто недостасува“ и „Љубов е“ и денес се пеат со ист жар.

„Ареа“ ѝ ги подари сите свои слики на публиката на двата фантастични акустични концерти во Филхармонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот