ВИДЕО | Ундав е херојот, Германија со пресврт до нокаут фаза
Германија стана третата селекција на Светското првенство која и официјално обезбеди место во нокаут-фазата, откако вечерва со пресврт го совлада Брегот на Слоновата Коска со 2-1. Претходно пласман меѓу најдобрите 16 репрезентации обезбедија и Мексико и САД.
Препорачано
Германците подобро го отворија натпреварот и имаа повеќе од играта во воведните минути, но африканската репрезентација не беше без шанси и знаеше како да се закани пред противничкиот гол. Таквиот пристап беше награден во 30. минута, кога капитенот Франк Кеси ја затресе мрежата и донесе водство за својот тим.
До заминувањето на одмор уште двапати беше совладан голманот на Брегот на Слоновата Коска, но двата погодоци не беа признати по интервенции од главниот судија, па минималната предност на Африканците остана актуелна по првото полувреме.
Во вториот дел Германија значително го зголеми притисокот и заслужено стигна до израмнување преку Ундав во 68. минута. Иако Брегот на Слоновата Коска потоа се обиде повторно да дојде до водство, пропуштените шанси беа казнети во самиот финиш.
Нов гол постигна Ундав и тоа во шестата минута од судисккот продолжение со што донесе голема победа вредна пласман во елиминациската фаза.


