Можеби треба да постои механизам на притисок ако не се спроведуваат пресудите во Стразбур, изјави Сиљановска-Давкова
Пресудите на Судот во Стразбур можат и мораат да важат за сите земји членки. Впрочем, многупати сме разговарале за тоа дека, доколку тие не се спроведуваат, можеби е потребно да постои и одреден механизам на притисок, па дури и закана што би се однесувала на статусот на членство во Советот на Европа, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на конференцијата на претседатели на врховни судии од Централна и Источна Европа, на која имаше и претставник од Бугарија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
— Не можам а да не потенцирам дека постојат бројни пресуди од Стразбур кои се однесуваат на заштитата на правата на македонското малцинство во соседството, а кои не се почитуваат. Тоа кај мене отвора сериозни дилеми во однос на задолжителноста на овие пресуди. Без нивно спроведување, Судот ризикува да стане проблематична институција — рече претседателката алудирајќи на македонското малцинство во Бугарија.
Таа рече дека ние како држава ги почитуваме пресудите кога се однесуваат на внатрешното функционирање на нашите судови, но укажа на потребата Европската Унија, како поддржувач на Конвенцијата и на работата на Судот, да обезбеди и нејзините земји членки – кои воедно се членки на Советот на Европа – да постапуваат одговорно и доследно во однос на овие обврски.
На средбата во Бугарија не побарала одговор зошто не се спроведуваат пресудите од Стразбур.
— Ги споменав пресудите, но не поставував директно прашање дали тие ќе бидат спроведени. Наместо тоа, укажав на обврската сите членки на Советот на Европа, вклучително и оние од Европската Унија, да се однесуваат одговорно кон работата на овој исклучително важен суд во Стразбур – порача таа.
Сиљановска-Давкова постојано јавно ја потенцира важноста на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права како обврска за сите земји-членки.
Кој дел од Вториот протокол ѝ е нејасен на претседателката Сиљановска?


