Aндреј Јакимовски/КФМ

Андреј Јакимовски се раздели со Тренто

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако италијанскиот клуб потврди дека кошаркарот ја активирал клаузулата за раскин на договорот.

„Кошаркарскиот клуб Тренто информира дека Андреј Јакимовски ја искористи можноста за предвремен излез од договорот, кој важеше и за сезоната 2026/27. Му благодариме за професионалниот однос, посветеноста и придонесот во текот на сезоната и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера. Благодариме, Јаки“, соопштија од италијанскиот клуб.

Зад Јакимовски е успешна сезона во дресот на Тренто, каде настапуваше во италијанскиот шампионат и во Еврокупот.

По потврдата за разделбата, Јакимовски се обрати до навивачите и клубот со емотивна порака.

„Тренто, не можев да посакам подобро место за почеток на ова поглавје од мојата кариера. Од првиот ден се чувствував како дома. Заедно создадовме спомени што ќе ги паметам засекогаш. Секогаш се трудев да го дадам максимумот и на теренот и надвор од него. Ми беше чест да го носам овој дрес и да го претставувам клубот. Тренто засекогаш ќе остане важен дел од мојата приказна“, порача македонскиот кошаркар.

Првата мисија на Обрадовиќ во Панатинаикос има име и презиме – Богдан Богдановиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот