ВИДЕО | Операција „Армагедон“ во Србија: полицијата уапси група педофили, споделувале видеа со деца од четири години
При претресите во становите на осомничените, на електронските уреди биле пронајдени повеќе гигабајти фотографии и видеоснимки со тешка злоупотреба на деца, во најголем број случаи на возраст од четири до 14 години, систематизирани според возраст, пол и други параметри.
Во акцијата „Армагедон“, спроведена на повеќе локации, уапсени се седум луѓе под сомнение дека сториле кривични дела поврзани со прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетни лица за порнографија, објави РТС.
Препорачано
Уапсени се Б.Ф. (1969), П.М. (2002), Д.Н. (1988), Б.Р. (1954), С.С. (1962), П.С. (1962) и М.О. (1982). Се сомнева дека подолг временски период преку „дарк веб“ преземале, чувале и споделувале материјали настанати со сексуална експлоатација на деца.
При претресите во становите на осомничените, на електронските уреди биле пронајдени повеќе гигабајти фотографии и видеоснимки со тешка злоупотреба на деца, во најголем број случаи на возраст од четири до 14 години, систематизирани според возраст, пол и други параметри. На осомничените им е одредено задржување до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.
На видеата, објавени од српското МВР, се гледа како полицијата ги апси предаторите сред улица, во ходник и додека спијат.
Од српската полиција порачуваат дека акцијата „Армагедон“ е јасна порака дека нема да се толерира ниеден облик на злоупотреба на деца и дека дигиталниот простор не е анонимно прибежиште за сторителите на вакви дела.
Ненад Богуновиќ од Службата за борба против високотехнолошки криминал изјави дека ваквите содржини се преземаат преку разни апликации и се складираат во огромни количини, поради што идентификацијата и верификацијата се сложен и тежок процес. Тој додаде дека зад ваквите акции стои долготрајна и интензивна работа на мал број специјализирани истражители и дека во последните две години во рамки на акцијата „Армагедон“ се уапсени околу 100 луѓе.
Тој апелираше родителите да ги охрабруваат децата да се обратат доколку имаат проблем или контакти со непознати луѓе и секое сомнително однесување да се пријави кај надлежните служби.


