Фото: EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

ВИДЕО | Ѓоковиќ по маратонски меч од пет часа загуби од 20 години помладиот Фонсека

Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација на овогодинешниот Ролан Гарос и се приклучи на листата фаворити кои предвреме го завршија настапот во Париз. Српскиот ас загуби со 3-2 во сетови од 19-годишниот Бразилец Жоао Фонсека, иако имаше водство од 2-0 по четири часа и 57 минути игра.

Ѓоковиќ одлично го отвори мечот и целосно доминираше во првиот сет, во кој поведе со 5-1, а потоа го доби со 6-4. Контролата ја задржа и во вториот сет за предност од 2-0, но потоа следеше неверојатен пресврт на младиот Бразилец кој успеа да се врати во мечот и да израмни на 2-2.

Во решавачкиот сет Новак прв стигна до брејк и поведе со 3-1, но Фонсека веднаш возврати и израмни на 3-3. Клучниот момент се случи во 11. гем, кога при резултат 5-5 Бразилецот ја искористи третата брејк-топка со маестрален скратен удар кој го остави Ѓоковиќ без одговор.

Фонсека потоа го задржа сервисот, спаси една брејк-шанса и стигна до голема победа со 4-6, 4-6, 6-3, 7-5 и 7-5. За него ова е втор меч по ред на турнирот во кој успева да направи пресврт по негатива од 0-2 во сетови, откако истото го направи и против Хрватот Прижмиќ во претходната рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот