Фото: ФК Вардар

Вардар одигра тренинг-натпревар, Герсон Родригез заработи црвен картон

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со подготовките во Норчија, а денешниот ден го искористија за меѓусебен тренинг-натпревар со цел стручниот штаб дополнително да ја провери формата на играчите.

Тимот беше поделен во две екипи, при што за едната настапија Диковски, Пуељо, Матиќ, Мишковски, Дурански, Босанчиќ, Николов, Спахиу, Данев, Торес и Омерагиќ, додека во спротивниот состав беа Талески, Јанкулов, Најдовски, Велковски, Маневски, Тодоровски, Бабунски, Пиреш, Закариќ, Јаков и Герсон.

Дуелот заврши со победа на екипата во „црвено-црните“ дресови со резултат 2:1. Стрелци за победничкиот тим беа Спахиу и Куестас, додека единствениот погодок за поразениот состав го постигна Закариќ.

Натпреварот го водеше Даријан Илчевски, судија со потекло од Гостивар, кој е дел од судиската организација на Италијанската фудбалска федерација.

Внимание привлече и Герсон Родригез, кој заработи црвен картон и предвреме беше испратен во соблекувалната, потврдувајќи ја својата репутација на темпераментен фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот