Коцкарниците се селат на најмалку 500 метри од училиштата, кладилниците ќе останат и поблиску

Познатите личности повеќе нема да смеат да рекламираат игри на среќа, пишува во новиот текст на Законот, кој го усвои Владата

Владата соопшти дека на денешната седница го утврдила новиот усогласен текст на предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој ќе биде испратен до Собранието.

„Со ова започнуваме нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата“, велат од Владата.

Овој закон е иницијатива на партиите на Албанците во владејачката коалиција, а тој наиде на жесток отпор од претставниците на коцкарскиот сектор, кои се жалеа дека ќе им го наруши бизнисот.

Сега, според ова што го соопшти Владата, ќе има компромис со кој коцкарниците, односно казината, нема да смеат да работат доколку се поблиску од 500 метри до училиште. Сепак, обложувалниците ќе можат да работат и покрај училиштата, но нема да им се дозволува да поставуваат електронски игри на среќа.

„Испраќаме јасна порака дека коцкањето не смее да се нормализира, ниту да се претставува како стил на живот пред младите. Втората клучна точка е заштитата на образовниот процес и безбедноста на учениците. Со законот се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа во казина, автомат клубови и електронски игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Во обложувалниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување на електронски видео-лотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа. Ова е институционална одлука да ги заштитиме децата од секојдневна изложеност на коцкање и зависности“, велат од Владата.

„Шанса за Центар“ изброи скоро 60 коцкарници и обложувалници: Центар е казино-општина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот