Сума од која боли глава — колку чинеше свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси?
Организирањето на раскошната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси во легендарната арена „Медисон сквер гарден“ во Њујорк беше монументален потфат.
Препорачано
Едвард Пероти, организатор на настани за познати личности, кој дизајнирал повеќе од 2.000 раскошни прослави во кариера што трае три децении, проценува дека таква свадба би можела да чини до 50 милиони долари. Пероти детално објасни за „Пипл“ што е потребно за да се испланира свадба од ваков размер.
Иако Пероти лично не го планирал настанот, неговото искуство вклучува работа со уметници како Аријана Гранде и Ник Џонас на некои од најпознатите локации во светот, вклучувајќи го Лувр, Версајската палата и Кинескиот ѕид.
– Знаеме дека сè ќе изгледа прекрасно, а фотографиите ќе бидат неверојатни. Но, кога имате таква локација и мислите дека илјада гости на свадба се многу, грешите. Не е многу кога имате сала или арена што собира 20.000, 30.000 или 45.000 луѓе – изјавил Пероти за „Пипл“ пред свадбата.
Трансформирањето на една од најпознатите арени во светот, секако, не е евтино. Кога го прашале колку обично чини изнајмување стадион за неколку дена, Пероти проценува: „Тоа е близу милион долари на ден“.
Но, тоа е само почеток.
– Не добивате празна зграда. Зборуваме за 58-годишна зграда која ги има мирисите на душата на Њујорк вткаени во бетонот и седиштата. Тоа се 58 години зготвени хот-догови, свеж помфрит и пиво истурено на подот – објаснил тој.
Логистички предизвици зад сцената
Атмосферата на арената е само едно парче од сложувалката, а Пероти вели дека оперативните предизвици зад сцената се исто толку застрашувачки.
– Повеќето стадиони се синдикално организирани, што значи дека мора да преговарате со синдикатот и работниците и да им платите. Тоа создава ефект на снежна топка за кој повеќето луѓе не размислуваат – објаснил тој.
Кога ќе се земат предвид трошоците за работна сила, сценографија, цвеќе, осветлување, кетеринг, транспорт и сите елементи по нарачка, Пероти верува дека вкупниот буџет за свадба би можел да достигне вртоглави износи.
– Тоа е во опсег од 35 до 50 милиони долари – рекол тој.
Дури и послужувањето на вечерата претставува свои предизвици.
– Не е важно каков кетеринг со пет ѕвездички имате или каков готвач имате. Сè уште е логистички предизвик да се обезбеди таа услуга – да се достави храната до гостите на вистински начин и на вистинска температура – објаснил Пероти.
Создавање чувство на интимност
Сепак, Пероти нагласи дека неограничениот буџет не е она што создава незаборавен настан.
– Скапото не мора да значи подобро – вели тој.
За него, вистинските прослави им оставаат на гостите нешто многу позначајно од раскошниот декор.
– Вистински легендарните прослави се оние за кои луѓето ќе зборуваат за 10 или 15 години од сега. Не станува збор за пари. Станува збор за автентичност, внимание на детали – рекол Пероти.
Според Пероти, најголемиот предизвик не е распоредот на просторот, туку чувството на интимност.
– Проблемот е сцената, но и огромната висина на таванот што едноставно го голта звукот. Потоа ви треба огромна количина кадифени завеси со кои треба да ги покриете седиштата – објаснил тој.
Искусниот дизајнер вели дека речиси секој елемент би морал да биде изработен по нарачка.
– Структурата и завесите што би ги користел за да ја покријам би морале да бидат со големина на Бруклинскиот мост. Како да најдете толку црна кадифена завеса што би можела да се подигне најмалку 30 до 40 стапки за целосно да го блокира погледот на трибините од сцената? – се пошегувал тој.
Осветлувањето станува една од најмоќните алатки на продукцискиот тим.
– Неверојатно е што може да направи осветлувањето. Тоа е врвната илузија за сè. Но, во таква средина, тоа е буквално сè. Ви требаат спектакуларни цвеќиња, неверојатни живи елементи и мора да го спуштите таванот за гостите да се чувствуваат малку поинтимно кога седат на масата – забележал Пероти.
Наместо да се обидува целосно да ја покрие арената, Пероти верува дека продукцијата треба да ја прифати нејзината драматична големина.
„Херкуловски подвиг“
Без оглед на конечниот дизајн, Пероти не се сомневал дека свадбата на Свифт и Келс ќе биде успешна.
– Нема шанси да не функционира. Она што го постигнаа во „Граден“ е навистина херкуловски подвиг – рекол тој.
Настанот, и покрај неговата големина, се чувствуваше интимно, како што потврдија водителите на „Добро утро Америка“, Робин Робертс, Џорџ Стефанопулос и Мајкл Страхан, кои присуствуваа на свадбата.


