Пол Макартни, Тејлор Свифт и Тревис Келси / Фото: EPA/Profimedia

ВИДЕО | Пол Макартни пеел на свадбената забава на Тејлор Свифт и Тревис Келси — го извел овој безвременски хит на „Битлси“

Сè уште не стивнува „бурата“ околу раскошната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси. Постојано се откриваат детали, а сега е познато дека Сер Пол Макартни пеел на забавата на младенците.

Тој им го отпеал хитот на „Битлси“ од 1963 година „I Want to Hold Your Hand“ на нивниот свадбен прием во „Медисон Сквер Гарден“ во петокот вечерта.

Извор потврди за списанието „Пипл“ дека Макартни навистина настапил.

– По церемонијата, мајката на Тејлор, Андреа, ги покани сите во салата за прием каде што беше поставена сцената – рекол изворот.

На раскошната прослава, која траела до раните утрински часови во саботата, наводно се појавила и Стиви Никс, пејачката на „Флитвуд мак“ и долгогодишна пријателка на Свифт.

Пејачката и ѕвездата на НФЛ, двајцата на 36 години, ја прославија својата љубов во петокот во Њујорк пред 1.000 гости, вклучувајќи ги и членовите на непосредното семејство и бројни ѕвезди од Холивуд.

По венчавката, на големите екрани пред „Медисон Сквер Гарден“ беше испишано „JUST&T MARRIED“, со што им се најави на сите дека славната двојка официјално се венчала.

Сума од која боли глава — колку чинеше свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот