Ана Ивановиќ на ревијата на „Викторијас сикрет“/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Ана Ивановиќ го покажа лицето без грам шминка, изгледа 10 години помладо!

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ го посети Париз во текот на Модната недела, а деталите од таа авантура ги објави денеска на својот инстаграм-профил. Фармерките што ги носи се убави колку што се практични, брендираната чанта „Ермес“ е како вистински моден деликатес, а нејзината природна убавина остава најсилен впечаток.

Ана Ивановиќ добро се снаоѓа со разни модни стилови, а спортската елеганција е еден од модните трендови што најмногу ѝ одговара.

Тенисерката избрала поширок модел на фармерки, кои се средна варијанта помеѓу широки фармерки и тесни модели. Се најавува дека овој тренд ќе ги засени панталоните со широки ногавици, како и оние уште потесни модели што ја следат линијата на телото, но „не се лепат“ за кожата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Фармерките што ги носи Ана Ивановиќ изгледаат многу елегантно и одлично одат со класично палто. Комбинацијата од фармерки и јакна е врвен тренд на секоја сезона, а можете да му дадете оригинална нота со некои детали или да речеме џемпер што ќе го носите преку палтото, како што прави тениската ѕвезда.

Ана избрала шик блуза во нежна боја, бели патики со подебел ѓон коишто многу трендсетерки ги комбинираат со фармерки, и чанта „Ермес“ во елегантна боја која е толку моќен детаљ што може да го разубави секој стил.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ана Ивановиќ се претставила во одлично модно издание, па позирала речиси без шминка. Интересно е што и кога се шминка, таа избира многу дискретен стил. Очигледно е дека многу внимание посветува на негата на кожата, а за ваков изглед е заслужен здравиот начин на живот што го води со години. Здравите навики стекнала и додека професионално играла тенис, а откако го напуштила светот на белиот спорт во 2016 година, продолжила во истиот ритам.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ана ја фалат обожаватели од различни делови на светот, Србија, Франција, но и од Германија, од каде што ѝ порачуваат да се вљуби и да пронајде нова љубов и дека овој пат врската ќе трае засекогаш. Со тоа тие алудираат на нејзиниот развод со поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со кого ги има синовите Тео, Леон и Лука.

Поранешната двојка се раздели во 2025 година по девет години брак. Германците многу ја засакаа Ана, а во екот на разводот, многумина застанаа на нејзина страна.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот