ФОТО | Белград, Париз, спектаклот на Лејди Гага! Ана Ивановиќ максимално ужива по разводот од Швајнштајгер
Поранешната тениска шампионка Ана Ивановиќ, која ја фасцинира јавноста со својот стил, убавина и дискретен, но интересен начин на живот, повторно ги воодушеви следбениците на Инстаграм.
Препорачано
Секоја нејзина објава предизвикува лавина од коментари, а интересот се зголеми особено откако започна нова животна фаза по разводот од Бастијан Швајнштајгер. Токму затоа, секој кадар од нејзиното секојдневие внимателно се набљудува, со симпатии и восхит.
По кратката посета на Белград, Ана ги спакувала куферите и отпатувала во Париз, град кој никого не остава рамнодушен.
Според фотографиите што ги споделила, таа уживала во лежерните прошетки низ мирните улици на Париз, впивајќи ја атмосферата што само француската престолнина може да ја понуди.
Ана позирала во одличен есенски стил, елегантен капут во топла нијанса на камила, преку кој носела едноставна светла маица, додека комбинацијата ја заокружила со темно сиви панталони со рамен крој и модерни бели патики.
Во раката држела софистицирана чанта во неутрална боја, а очилата за сонце му давале на целиот шик завршен печат – едноставно, совршен пример за париски минимализам што ги комбинира удобноста и елеганцијата.
View this post on Instagram
Во текот на денот, таа ги посетила најпознатите знаменитости на градот, па на Инстаграм објавила неколку фотографии направени пред Ајфеловата кула, а навечер – вистинско уживање.
По лесната вечера во луксузен ресторан, Ана се препуштила на музичкиот спектакл на Лејди Гага, еден од најочекуваните настани низ целиот свет.
View this post on Instagram
Видеата од настапот на Гага ги воодушевија следбениците на Ана, но она што ги заинтригира многумина беше тоа што на сите објавени фотографии, таа била сама.
Сепак, едно е јасно, Ана Ивановиќ го живее животот максимално по разводот. Таа патува, ужива, изгледа подобро од кога било и со секоја нова објава покажува дека е исклучително задоволна од новото поглавје од својот живот.
ФОТО | Ана Ивановиќ незапирлива: Ги покажа извајаните нозе во мини фустан и во бикини


