Ана Ивановиќ / Фото: Инстаграм/Ана Ивановиќ

„За сите бивши, несреќни љубови“: Пејач ѝ посвети песна на Ана Ивановиќ во белградски клуб, нејзината реакција ги изненади сите

Поранешната најдобра српска тенисерка и освојувачка на „Ролан Гарос“, Ана Ивановиќ, во саботата навечер била забележана како ужива во еден белградски ноќен клуб, а друштво ѝ правел Новак Ѓоковиќ.

Двајцата се забавувале до доцните часови, а во еден момент пејачот Стеван Анѓелковиќ, кој настапувал во клубот, ѝ посветил песна. Како што пренесува „Мондо“, Анѓелковиќ рекол: „Еве една песна за сите бивши, несреќни љубови“, по што Ивановиќ, која неодамна се разведе од германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со кого беше во брак од 2016 година, веднаш стана од столчето.

Пејачот се упатил кон неа и почнал да ги изведува стиховите од песната „Смијехом страх покријем“ од Дино Мерлин, а добро расположената Ивановиќ за тоа време играла и се веселела.

Ова е првпат српските медиуми да ја видат на јавно место по разводот.

Инаку, поранешниот брачен пар ги има тројцата синови Лука, Леон и Тео. Пред неколку месеци се појавија први шпекулации за нивните брачни проблеми, како и гласини дека Швајнштајгер започнал романса со водителката и спортска новинарка Естер Седзлацек.

Подоцна јавноста дозна дека фудбалерот навистина е во врска со друга жена — но не со Седзлацек, туку со Бугарката Силва Капетанов. Нивната врска наводно започнала додека тој сѐ уште бил во брак со Ивановиќ, а била откриена кога папараците ги фотографирале заедно во Грција.

Ивановиќ и Швајнштајгер се разведоа во Швајцарија, а германските медиуми пренесоа дека станувало збор за „итен развод“, со брза постапка и минимално изложување во јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот