Борис Надеждин / Фото EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Рускиот политичар Надеждин кој е против украинската војна доби забрана за учество на изборите

Врховниот суд на Русија денеска ја потврди одлуката со која му се забранува на опозицискиот политичар Борис Надеждин да се кандидира на претстојните претседателски избори, што треба да се одржат во средината на март. Претседателот на партијата Граѓанска иницијатива, е познат како противник на војната во Украина.

По одлуката Надеждин на социјалните мрежи објави дека ќе се жали на пресудата.

Граѓански иницијативи, нема претставници во Државната дума, а рускиот изборен закон налага кандидатите номинирани од вонпарламентарните партии да соберат најмалку 100.000 валидни потписи за да ја пријават својата кандидатура.

Надеждин успеа да собере 105.000 потписи, но руската Централна изборна комисија прогласи повеќе од 9.000 потписи од списокот за неважечки, што автоматски го дисквалификува од претседателската трка.

Досега четворица кандидати, меѓу кои и актуелниот претседател Владимир Путин, се потврдени како кандидати за претседателските избори закажани за 15-17. Март. Ниту еден од тројцата противкандидати на Путин не се опозиционери, бидејќи имаат некаква поддршка од Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот