Фото: Хрватска полиција / policija.gov.hr

Хрватската полиција трага по необичен крадец

Според информациите од Полициската управа во Вараждин, кражбата се случила во четвртокот околу 14 часот во продавница во Нови Мароф.

Необична кражба евидентирала хрватската полиција во Вараждин, откако од една продавница исчезнала несекојдневна „стока“ – четки за заби, пренесе „Даница“.

Според информациите од Полициската управа во Вараждин, кражбата се случила во четвртокот околу 14 часот во продавница во Нови Мароф.

Засега непознат сторител од објектот одзел четки за заби, при што причинетата материјална штета се проценува на околу 270 евра.

„Полициските службеници преземаат активности со цел откривање и идентификување на сторителот на ова кривично дело“, соопштија кратко од полицијата.

Имајќи ги предвид актуелните малопродажни цени на четките за заби во трговските синџири, се претпоставува дека крадецот однел приближно стотина вакви производи за секојдневна хигиена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот