Фото: EPA/Henry Chirinos

„Потребни се засолништа за луѓето“ — Обединетите нации бараат 98 милиони долари помош за Венецуела по земјотресите

Агенцијата за миграции на Обединетите нации (ОН) денеска побара 98 милиони долари меѓународна помош за справување со последиците од разорните земјотреси што на 24 јуни ја погодија Венецуела, каде загинаа близу 5.000 луѓе, а над 17.000 останаа без своите домови.

Како што соопшти агенцијата, средствата ќе ја поддржат работата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во наредните 12 месеци, обезбедувајќи итно засолниште, но и здравствена заштита и поддршка за почетно закрепнување, истовремено помагајќи им на заедниците во обновата.

„Народот на Венецуела покажа неверојатна издржливост, но за закрепнувањето ќе бидат потребни време и континуирана поддршка“, изјави Лиа Поџо, шефица на мисијата на агенцијата во Венецуела.

Земјотресите и последователните потреси предизвикаа големи разурнувања низ сојузните држави Ла Гваира, Дистрито Капитал, Миранда, Карабобо, Арагва и Фалкон, при што илјадници семејства се раселени, а оштетени се домови, здравствени установи, водоводни системи и друга клучна инфраструктура.

Од почетокот на катастрофата, ИОМ соработува со венецуелските власти, агенциите на ОН и хуманитарните партнери во управувањето со колективните центри за сместување, пружањето здравствена и заштитна помош, како и во поддршката на раселените семејства.

Агенцијата соопшти дека досега пружила помош на речиси 6.000 луѓе сместени во колективните центри под нејзин надзор. Дополнително, реализирани се над 10.000 услуги, кои вклучуваат привремено сместување, здравствена нега и заштита.

Венецуела бара да ѝ се одмрзнат средствата во странство за да се справува со последиците од земјотресите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот