Драгомир Деспиќ - Десингерица, Калиопи / Фото: Инстаграм /„Слободен печат“/Методи Здравев

ВИДЕО | Десингерица шокираше со изјавата за нашата пејачка: Што е Калиопи, летувалиште?

Раперот Драгомир Деспиќ – Десингерица повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста со изјава што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, пишува „Нова.рс“.

За време на музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“, пејачката Јелена Карлеуша ѝ рекла на една од кандидатките дека ја потсетува на нашата позната пејачка Калиопи, поради сличната боја на гласот, но и изгледот.

Десингерица беше целосно збунет од мислењето на Карлеауша, па изненадено прашал:

– Што е Калиопи?

Потоа Карлеуша му објасни дека станува збор за позната македонска пејачка, но дури ни тоа не помогна да ја сокрие неговата збунетост.

– Тоа звучи како кога одиш на море, на еден од краците. Кој е тоа? Турска ѕвезда? – рекол Десингерица и ги насмеал сите во студиото.

Ова видео набрзо стана вирално на Тикток, каде што имаше коментари од корисниците, изненадени од фактот дека не знае за една од најпознатите регионални пејачки.

@viktorhrsak1 OVO MOŽE SAMO DESINGERICA! Ne zna ko je Kaliopi, mislio da je letovalište u Grčkoj!#pinkovezvezde #desingerica @DESINGERICA ♬ izvorni zvuk – vičko 🫶🫶🫶

ФОТО | Романтично зајдисонце во светот на бајките – вака ужива Калиопи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот